адаптира (св. и несв.)
Црквата на Христовото срце во Тирана беше адаптирана во кинотеатар, историскиот Манастир во Арденица, во кој според легендата Ѓерѓ Кастриоти се венчал со ќерката на Ѓерѓ Аријани, стана ресторан и хотел.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Стотици цркви беа срамнети со земја, други беа адаптирани во работилници и фабрики, магазини, штали, киносали.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Адаптирањето мислам дека веќе беше завршено, стравот дека не ќе можам да се носам со градските деца како никогаш и да го немало во мене, особено кога дознав дека еден добар дел во класот се исто така дојдени од други места, од внатрешноста на земјата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Се адаптираше на секакви очила, но многу знаци од сиџилите не можеше да ги види. Се служеше и со разни лупи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не беше лесно да се адаптира логиката на спомените во одамна збиднатите времиња, со прагматичните цели на Татко и на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Брзо се снаоѓаш, а уште побрзо се адаптираш. На Македонциве овде им се мењаат и фаците.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На крајот на краиштата, и самите доктори ѝ велеа дека нејзиното однесување е нормално за сите што се нови во санаториумот, а потоа, порано или подоцна, сите се адаптираат на животот во заедницата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)